| четврток, 6 декември 2018 |

Крвава тепачка кај „Филип втори“

Во Полициската станица Центар, вчера во 14:00 часот, С.А.(36) од село Сарај, скопско, пријавил дека истиот ден околу 01:00 часот, движејќи се заедно со неговиот брат Р.А. покрај стадионот „Филип втори“  во еден момент му се доближило лицето Р.С. кој бил заедно со Д.М. и Б.С. по што Р.С. физички го нападнал пријавителот додека неговиот брат возвратил на ударите кон Р.С.

Во еден момент лицето Д.М. извадил пиштол кој го насочил кон пријавителот кој пак од страв за неговата сигурност извадил нож.

Од страна на лицето Б.С. било фрлено стаклено шише кое го удрило пријавителот во пределот на градите по што С.А. и неговиот брат Р.А. го напуштиле местото на настанот.

По преземени мерки сите лица инволвирани во настанот се повикани и со нив е разговарано, за настанот е запознаен Јавен обвинител.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top