По повод изборот на Јордан Плевнеш за редовен член на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите, а во организација на гимназијата „Ључо Сантов“ и Домот на културата „Бели мугри“ од Кочани на 26 март, со почеток во 19. часот, во Домот на културата ќе се одржи уметнички портрет на овој македонски писател под наслов „Македонски состојби“. За творештвото на Плевнеш ќе говори М-р Доне Донев, а ќе биде изведен и перформанс според текстови од авторот од студенти по актерска игра од класата на проф. Мето Јовановски на Универзитетот за аудиовизуелни уметности-Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија- Скопје-Париз-Есен-Ротерам.
Кочани е избран како прв град во кој ќе почнат академските свечености по повод изборот на Јордан Плевнеш за академик бидејќи во драмата „Македонски состојби“, преведена и играна на голем број јазици во светот, Плевнеш е инспириран од познатото семејство Поп Иванови кое потекнува од овој град – Стефан Поп Иванов, првиот покраински секретар на Комунистичката партија на Македонија и неговата ќерка Малина Поп Иванова, единствените Македонци кои фигурираат на листата на рехабилитирани на историскиот 20-ти конгрес на Комунистичката партија на СССР во рефератот на Никита Хрушчов и контраверзната фигура на поетот Цеко Поп Стефанов кој се самоубива на денот на ослободувањето на Скопје – 13 ноември 1944 година.
Политичката синтагма „македонски состојби“ (“Mazedonische Zustände”), наслов на една од најизведувани драми на Плевнеш тој ја откри во истражувањата во Виенскиот архив а значи „да не се знае кој кого убива и во чие име“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Избор драми „Среќата е нова идеја во Европа“ од Плевнеш утре ќе се промовираат во Музејот на театарската уметност во Белград
-
Плевнеш во париски „Монд”
-
Претседателот на Европската академија на науките, уметностите и културата ја посети специјалната болница „Филип Втори“
-
Дали културна Европа може да ја спаси политичка Европа? Предавања на Жан-Патрик Конрад и Јордан Плевнеш