| четврток, 6 декември 2018 |

Лестер го смени Раниери и почна да победува, на „Кинг Пауер“ торпедиран Ливерул (видео)

Екипата на Лестер Сити нè потсети кој е шампион во Премиер лигата, откако во еден перфектен натпревар со 3-1 славеше над големиот фаворит Ливерпул, во рамките од вечерашниот дуел од 26. коло на англискиот шампионат.

Екипата на Лестер по изненадувачкиот отказ на тренерот кој им ја донесе првата историска титула на клубот, Клаудио Раниери, заигра како во најодрите денови и покажа дека неговите фудбалери сеуште имаат што да покажаат во овој шампионат и дека грчевито ќе се борат за опстанок оваа сезона.

Џејми Варди беше на висина на задачата и со два гола во денешниот дуел најави дека се враќа во врвна форма од минатата сезона кога ги тресеше противничките мрежи. Првиот го постигна во 28. минута по една одлична асистенција на Олбрајтон. До крајот на првиот дел Дриквотер искористи една исфрлена топка од казнетиот простор на „црвените“ одлична ја зафати и ја смести во мрежата на немоќниот Мињоле.

Во второто полувреме Лестер се повлече и чекаше шанса од контра-напад. Луверпул нападна со сите сили и тоа го чинеше трет гол во сопствена мрежа, а повторно стрелец беше Варди.

Конечните 3-1 ги постави Филипе Кутињо во 68. минута, а иако до крајот на мечот „црвените“ константно напаѓаа не успеаа посериозно да се заканат кон голот на одличниот Шмајхел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top