Луис Хамилтон по пензионирањето на Нико Розберг е огромен фаворит за нова титула во Формула 1 шампионатот, откако тимот на Мерцедес повторно заврши извонредна работа со болидот за 2017 година. Шампионот во конкуренција на конструктори делува моќно на првите тренинзи, па Хамилтон со право со огромен оптимизам гледа кон ноата сезона.
– Ние сме шампионски тим, а згора на тоа нашиот болид е илјада пати подобар од болидите на ривалите. Имаме одличен тим, сите ќе сакаат да бидат побрзи од нас, што само го прави предизвикот поинтересен. Знаеме дека сезоната уште не е ни почната, дека пред нас е многу работа, но со право сме полни со оптимизам пред стартот на новиот Ф1 шампионат. Имавме добар ден на тестирањето, механичарите се здобија со нови информации за тоа како можеме да го направиме нашиот болид уште подобар – изјави Хамилтон.
Новата сезона во Формула 1 ќе стартува на 26 март со трката за Големата награда на Австралија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.