| четврток, 6 декември 2018 |

Соработка на телата за заштита на конкуренцијата на Македонија и Турција

Комисијата за заштита на конуренцијата (КЗ) на Македонија и Конкурентската управа на Турција ќе ја унапредуваат соработката за што е потпишан меморандум при престојот во КЗК на делегација од турската управа предводена од претседателот Омер Торлук.

– Македонското и турското тело за заштита на конкуренцијата на овој начин ќе разменуваат информации за развојот на законодавството, искуства при истрагите и во врска со односите помеѓу органите за заштита на конкуренцијата и националните регулаторни агенции, информираа денеска од КЗК на РМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top