| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманост: Татко посвоил 22 деца од кои 16 се ХИВ позитивни (Видео)

Реџи Томас, (44) од Индија живее со својата сопруга, двете биолошки деца и 22 посвоени деца кои биле напуштени од своите родители откако биле дијагностицирани со ХИВ. Во 2007 година, Реџи запознал 12 годишно девојче кое многу брзо починало бидејќи не му била пружена потребната грижа и третман. Овој немил настан го инспирирал да се посвети на помагање и згрижување на децата болни од ХИВ.

Во Индија, бројот на заболени лица од ХИВ е над 2.1 милион, од кој 1.8 милион се деца.

“Ние сме едно големо семејство, ова не е сиропиталиште, сите сме како браќа и сестри. Имаме храна, нега, грижа и многу љубов. Реџи е наш татко” – вели Сунил Бхарат, едно од посвоените деца

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top