Петре Шилегов му купил на својот син Иван Шилегов нов автомобил од 30.000 евра, пишува Старт.мк. Со оваа фотографија, самиот Шилегов јуниор се пофалил на социјалните мрежи – откако татко му го подновил со Сеат Леон.
– За мојот надјобар син – напишал Петре на пораката оставена на новиот авотмобил за неговиот полнолчетен син Иван Шилегов.
Од каде му се парите за нов автомобил – засега нема информација. Но, на сајтот на антикорпуциска комисија, овој автомобил не е пријавен во имотната состојба на пратеникот и портпарол на СДСМ, Петре Шилегов.
Според анкетниот лист на пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов поднесен до Државната комисија за спречување на корупција, може да се види дека за само две години има стекнато три нови стана во вредност од 208.000 евра.
Продолжува богатењето на фамилијата Шилегови кои за само две години успеале да заработат три стана, кои во анкетниот лист се наведени на име на брачен другар, односно на сопругата на Петре Шилегов.
Двата нови стана од 72 и 64 м2 фамилијата Шилегови ги купила во 2015 година и изнесуваат 160.000 евра, додека во 2016 година Шилегов се подновил со уште еден стан од 68 м2 во вредност од 48.500 евра. За само две години успеале да купат три стана во вреднос од околу 208.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.