| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо: Кога нема да ме скрши емоција после меч, тогаш тоа е крај!

murinjo i ibra

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо не го криеше задоволството по победата над Саутемптон со 3-2 во финалето на Лига Купот вчера попладне на „Вембли“. Португалецот го потенцираше Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ како главна фигура за победата и на оваа средба.

– Саутемптон имаше повеќе период на доминација, заслужија барем продолженија, но тука беше Ибра и тој ни го донесе трофејот. Овој натпревар беше емотивен за мене. Не е лесно да се освои титулата толку пати, колку што јас го освојувам овој трофеј. Под ваков притисок под каков што сум јас, никогаш не е лесно. Тој ден кога после победа нема да ме скрши емоцијата, ќе биде крај – рече Мурињо.

Овој трофеј е втор за Мурињо во Манчестер Јунајтед по Суперкупот на Англија, освоен во август минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top