| четврток, 6 декември 2018 |

Папата Франциск првпат ја посети Англиканската црква

papa

Папата Франциск е првиот католички поглавар што ја посетил англиканската парохија во Рим, користејќи ја историската можност да влијае за поголема блискост, по повеќевековната недоверба, предрасуди и непријателство меѓу двете цркви.

Папата и англиканскиот бискуп во Европа Роберт Инес се молеле вчера еден покрај друг во црквата „Сите свети“, што се наоѓа во близина на Шпанскиот плоштад во центарот на Рим.

Инес го поздрави папата и солидарноста што ја покажува кон бегалците и емигрантите.

Папата во својот говор истакна дека англиканците и католиците имаат долгогодишен „поглед едни кон други полн со сомневања и со непријателство“ и дека постоела повеќевековна недоверба.

– Со текот на времето, напредокот на нашиот пат кон целосно заедништво може да изгледа бавен и несигурен, но денес можеме да бидеме охрабрени со овој наш собир – нагласи папата Франциск.

Англиканската црква се одвоила од католичката во 16 век, откако на англискиот крал Хенри Осми не му било дозволено поништување на бракот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top