Банкар во КИБ банката во Куманово со лажни електронски вирмани успеал да си присвои над 60.000 евра од клиент на банката кој живее во Шведска.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Т.(41) од Куманово за кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, проневера во службата и фалсификување службена исправа.
Пријавениот, во ноември 2008 година, вработен како благајник во Комерцијално инвестициона банка АД Куманово, во шест наврати изготвил налози за готовинска исплата за подигање парични средства од сметката на Е.Г.Ф.(50) од Куманово со живеалиште во Шведска, се евидирал со негов електронски потпис и на место на примател на паричните средства го фалсификувал потписот на Е.Г.Ф., подигнувајќи вкупно 3.659.900 денари, а лажните налози ги употребил при раздолжување со дневен промет во евиденцијата на банката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пазете се од оставена жена -одбил да ја финансира, па Кристина му го „паркирала“ мерцедесот во базен
-
Банкарот надигран, конечно освоена големата сума кај Лила (видео)
-
Болничар украл латен накит од пациентка која починала и се обидел да ги продаде на внуката!
-
Банкарот кој ја разоткри финансиската мафија на илуминатите, пронајден мртов на Флорида