Најмалку пет лица се повредени во британската престолнина Лондон утрово, кога автомобил покоси пешаци на тротоар, во уште еден од низата слични инциденти во светот кои се случија.
Инцидентот се случил во изутринава на југоистокот од Лондон, на Бромли Роуд во квартот Белингем. Возачот го качил возилото на тротоарот, собирајќи неколку лица, а пота удрил во ѕидот на една зграда, пишува електронското издание на весникот Mirror.
Пет лица се хоспитализирани. Двајца мажи и една жена се во ритична состојба. Засега не се познати причините за оваа несреќа.
Но ова не е прв случај кога автомобили налетуваат на пешаци последниов ден.
Ноќта кон неделата вооружен со нож возач на „опел“ нападна луѓе на плоштадот Бузмаркплац во германскиот град Хајделберг. Притоа настрадаа три лица, а еден од нив подоцна почина во болница. Возачот, исто така, е хоспитализиран.
Уште еден сличен инцидент се случи во неделата во американскиот град Њу Орлеанс. Таму возило управувано од пијан возач влета во толпата луѓе кои ја следеа парадата Марди Грас, празни пред започнувањето на Големите пости. Според последните податоци, повредени се 28 лица, од кои 21 се хоспитализирани, а за 12 луѓе лекарите изјавија дека се во критична состојба
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.