Управата на Барселона и Лоран Блан веќе контактирале за потенцијална соработка и замена на Луис Енрике на клупата на каталонската екипа.
По тешкиот пораз против ПСЖ, раководството на Каталонците размислува за разделба на екипата со Луис Енрике, кому договорот му завршува во јуни. Францускиот тренер е еден од повеќето кандидати за тренерското столче на шпанскиот шампион, меѓу кои се и Јирген Клоп, Хорхе Сампаоли и Мауруцио Почетино.
Блан веќе беше дел од екипата од Барселона, но како фудбалер во сезоната 1996/97. Пасијата за посед на топка кај Французинот е можеби клучот за негов договор со Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.