| четврток, 6 декември 2018 |

Заев договорил Србите да бидат обвинети за геноцид

На синоќешниот Централен одбор на СДСМ, на кој Зоран Заев беше избран за мандатар на новата влада предводена од СДСМ, Заев им ги презентирал точките од колицискиот договор на кои се согласил за да ги обезбеди потписите на ДУИ.

За да дојде на власт, Заев прифатил да се донесе одлука со која ќе се прогласи сторен геноцид врз Албанците во Македонија, кој наводно бил направен меѓу двете светски војни.

Бидејќи членовите на ЦО ја профатиле оваа одлука со негодување, Заев во образложението се обидел да ја спушти топката и нагласил дека тоа не е толку опасно за Македонците, бидејќи вината ќе паднела врз Србите и српската власт која во тоа време владеела во тогашна Вардарска Македонија.

zaev divo naselje 3

На острите критики на неколкуте члена на ЦО Заев одговорил со тезата дека доколку Албанците не биле убивани меѓу двете светски војни, ќе биле побројни и со тоа уште во почетокот, кога се конструирала државата би влегле како конститутивен народ во Уставот.

Сепак, ниту овие небулози не биле придатени, како што не било прифатено ниту образложението на Заев за вината да им се префрли на Србите па штетните решенија од договорот за коалицирање со ДУИ не поминале едногласно.

Со сето ова, Заев практично ја менува историјата на Македонија и ги прави Албанците дека отсекогаш билеовде, исто како и Македонците. Тој обвинува дека биле истребени и затоа се сега помалку на број.

Инаку, Заев ги информирал сопартијците дека дел од пакетот што го договорил за да ги обезбеди потписите на ДУИ  на договорено било во втора фаза да се разговара и за промена на химната грбот и знамето, како и воведување на двојазицни бакноти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top