„Ако случајно оние од СДСМ и Беса, Села (па и ДУИ) се обидат сами да свикаат седница на Собрание и направат влада (што им е планот од поодамна, според мои извори од СДСМ), тогаш тоа ќе биде државен удар и претседателот на државата (врховен командант на војската и полицијата) прогласува воена состојба и ќе се апсат сите што ќе учествуваат во државниот удар. Така што, јас воопшто не ги третирам сериозно овие фантазии на сдсм-Заев од денес.“, анализира универститескиот професор Тони Науновски. Тој наведува три уставно-правни аргументи за тоа зошто претседателот Иванов не смее, и не може да му го додели мандатот за составување Влада на Заев-сдсм:
„Прво, Изборите на 11 Декември беа нелегални, со бројни докази, индиции и факти за масовни поткупи на гласачи во многу региони и изборни единици (според изјавите на ОЈО и МВР). Договорот од пржино не овозможи фер и демократски избори.
Второ, во Уставот не е предвиден втор мандатор, уште повеќе што поминаа дваесет дена откако заврши рокот за составување на Влада од страна на победникот на изборите (ВМРО).
Трето – како што веќе јавно изјави Претседателот, тој не смее да определи мандатор за состав на влада со антиуставна програма, која ја нарушува унитарноста на државата, ја редефинира со двојазичност итн.“, завршува Науновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.