Aталанта го шокираше Наполи пред неговите навивачи, победувајќи со 0-2, а со тоа се доближи на само три бода негатива во однос на „наполитанците“ во трката за пласман во Лигата на шампионите. Изненадувачки, дефанзивецот Матија Калдара беше стрелец на двата гола за Аталанта на овој меч. Тој го отвори резултатот во 28.минута.
Во тимот на Наполи по подолг период поради повреда се врати и Аркадиуш Милик, кој доби шанса во второто полувреме, но ниту тој, ниту Паволети, не успеаја да постигнат погодок. Калдара својот втор гол го постигна во 70.минута, три минути откако Аталанта остана со играч помалку поради исклучувањето на Кеси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.