| четврток, 6 декември 2018 |

Филип Милошевски резибран за генерален секретар на РФМ

filip milosevski

Филип Милошевски, генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија ќе остане на позицијата и во наредниот период. Информацијата ја потврдија од РФМ, од каде соопштија дека Милошевски бил единствен пријавен кандидат, а реизборот е потврден од страна на УО.

– Врз основа на член 64 од Статутот на РФМ и одлуката 0202-137/1 донесена на 24 февруари 2017 година, Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија го назначи Филип Милошевски за Генерален секретар на Ракометната Федерација на Македонија. По прегледувањето на пријавите за конкурсот за генерален секретар, објавен на ден 14 февруари 2017, на кој единствен пријавен кандидат беше Милошевски, одлуката за негов реизбор беше едногласно потврдена од страна на Управниот одбор – стои во соопштението на РФМ.

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија ја потврди и одлуката сите клубови во Младинските лиги на Македонија во машка и женска конкуренција да бидат ослободени од исплата на судиски и делегатски такси, која беше презентирана на Изборното собрание на РФМ одржано на 7 февруари .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top