-Беше многу шокиран поради тоа. Никогаш не се однесувале така кон него. Не знаеше што се случува, ги прашуваше зошто го прават тоа, кажа дека татко му е Мухамед Али, но не ги интересираше – вели Крис Манцини, адвокат на Мухамед Али Помладиот.
Според зборовите на Манцини, наследникот на славниот боксер бил пуштен по два часа. Непријатноста се случила на 7. февруари, кога Мухамед Али Помладиот со својата мајка Калија, втората сопруга на боксерот, се враќал од Јамајка во САД.
На аеродромот “Форт Лаудердејл Холивуд” го сопреле припадниците на имиграционо. Калија била пуштена откако покажала фотографија со својот поранешен сопруг, додека помладиот Али, иако американски државјанин, бил задржан.
Неговиот адвокат вели дека два пати го прашале дали е муслиман и од каде му е името. Деталите од инцидентот дошле во јавноста дури откако Калија побарала правни совети.
Портпаролката на царинската и граничната заштита на САД, Норма Морфа, не сакала да го коментира инцидентот, но во мејлот кој го пратила до New York Times навела: “Поради ограничувањата со законот за приватноста не можеме да зборуваме за поединечни патници, но сите меѓународни патници кои доаѓаат во САД минуваат низ инспекција”.
Адвокатот на семејството Али вели дека верува дека на аеродромот постои профилирање.
-Доколку видите муслиман направете вака, доколку видите Арап направете вака- рекол Манцини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.