Челси и Антонио Конте продолжија да чекорат кон титулата во Премиер лигата со денешната победа над Свонси (3-1) во рамки од 26. коло. Гостите не успеаја да се справат со расположениот напад на „сините“, кој повторно се одлепи на двоцифрена предност пред најблиските конкуренти.
Иако „сините“ брзо дојдоа до предност со голот на Фабрегас уште во 19. минута, сепак гостите успеаја да израмнат преку Љоренте во 45. минута.
Триумфот за Челси го најави Педро со голот во 72. минута од натпреварот, а на 3-1 заокружи Диего Коста во 84. минута.
До триумф стигна и Евертон кој дојде до победа од 2-0 против Сандерленд, со погодоците на Идриз Гује во 40. минута и Лукаку во 80. минута.
Резултати 26.коло Премиер лига:
Челси – Свонси 3-1, Кристал Палас – Мидлсборо 1-0, Евертон – Сандерленд 2-0, Хал – Барнли 1-1, ВБА – Бурнемаут 2-1, Ватфорд – Вест Хем (18:30 ч.)
Табела:
Челси 63 бода, Манчестер сити (-1) 52, Тотенхем (-1) 50, Арсенал (-1) 50, Ливерпул (-1) 49, Манчестер јунајтед (-1) 48, Евертон 44 бода,…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.