| четврток, 6 декември 2018 |

Бабунски: Пресреќен сум, засекогаш ќе го паметам овој ден

david babunski

Младинскиот репрезентативец Давид Бабунски е прогласен за играч на мечот во победата на Јокохама од 3-2 против Урава во првото коло од најсилната јапонска лига.

Бабунски, заедно со својот соиграч Уго Виеира кој исто така од Црвена Звезда оваа зима дојде во Јокохама, го добија признанието откако и двајцата запишаа деби погодоци во новиот дрес.

– Засекогаш ќе го паметам овој ден, кој е еден од најубавите во досегашната моја фудбалска кариера. Прекрасно се чувствувам и поради прекрасниот амбиент кој го почувствував и поради силната поддршка од навивачите. Верувам дека и во иднина ќе продолжам со квалитетни игри во дресот на Јокохама во кој се чувстувам препородено – истакна по мечот, Давид Бабунски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top