Легендарната лото-девојка Сузана Манчиќ на 60 години ќе се мажи за вереникот Симеон Оцомокос (67), со кој е во врска 16 години. Венчавката е закажана за 31 март во Венеција.
Тие заветите ќе ги дадат во православна црква, а на церемонијата ќе присуствуваат кумовите и нејзините ќерки. После склучувањето на бракот, младенците ќе се возат со гондола, а здравицата ќе ја дадат во палатата Грит, познат луксузен хотел.
Манчиќ вели дека не може да го дочека денот кога повторно ќе застане пред олтар.
– Време е да се мажам! – возбудено рекла таа за српските медиуми.
Манчиќ не планира да се пресели во Грција кај сопругот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.