Македонија практично ќе се претвори во Албанија ако владата во Скопје ја формираат опозициската СДСМ на Зоран Заев и ДУИ на Ахи Ахмети, пишува српски Информер, а пренесуваат други спрски медиуми. Лидерите на двете партии се договориле да направат колиција така што Зоран Заев се согласил албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот на целата територија на државата.
Заев изјави дека очекува новата влада да биде формирана во март, откако со најголемата албанска партија ДУИ постигна договор за сите клучни прашања. Тој се надева дека ќе го добие мандатот, бидејќи претседателот Иванов изјави дека ќе ѝ го довери на онаа партија која ќе добие поддршка на 61 пратеник во Собранието.
Со оглед на тоа дека СДСм на изборите на 11 декември освои 49 мандати, ДУИ 10, на Заев му фали поддршката на уште само два пратеници, пишува Информер. Порталот додава дека Заев лесно ќе ги обезбеди од Беса, која, доби 5 пратенички места, а претходно му ги вети доколку ја прифати Албанската платформа.
Меѓутоа, иако Македонците посакуваат што поскоро да се формира влада за да може земјата да излезе од политичката криза по две години, сепак, стравуваат дека со коалицијата СДСМ – ДУИ, ќе го изгубат идентитетот.
Затоа повеќето Македонци попрво сакаат на власт да ја видат повторно ВМРО-ДПМНЕ на поранешниот премиер Никола Груевски. Таа коалиција на изборите доби најмногу гласови и 51 пратеничко место во Собранието, но ги одби уцените од ДУИ и не успеа да формира влада.
Груевски го одби барањето на Албанците албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот на целата територија на државата. Тој смета, пишува Информер, дека е доволно тоа што албанскиот е рамноправен со македонскиот во местата во кои Албанците се мнозинство.
Консултации кај Рама
Освен тоа, додава порталот, Македонците стравуваат дека со коалицијата СДСМ – ДУИ на власт албанскиот премиер Еди Рама ќе им ја крои судбината. По изборите, потсетува Информер, Рама веднаш се замеша во внатрешните работи на соседната земја, повикувајќи ги на разфовор лидерите на четирите албански партии. Освен Ахмети, во Тирана на „консултации“ заминаа и Биљал Касами од Беса, Мендух Тачи од ДПА и Зијадин Села од Алијансата. Се верува дека Рама тогаш им дал упстства да се обидат да постават Албанец за премиер и да се изборат албанскиот јазик да биде официјален јазик на џцелата териотирја на Македонија, завршува текстот на Информер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.