Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, направи фантастичен потег во знак на поддршка на колегата Клаудио Раниери, кој синоќа доби отказ од Лестер, клубот на кој лани сензационално му ја донесе шампионската титула. Мурињо на својата клупска маица ги носеше иницијалите на Италијанецот Клаудио Раниери.
– Неговите иницијали на мојата маица се само мал знак на поддршка за оној што ја испиша најубавата приказна во историјата на Премиер – лигата и заслужува стадионот на Лестер да се вика „Клаудио Раниери“. Јас мислев дека мене минатата сезона ми беше нанесена неправда, но сфатив дека наликува на кикирики во споредба на ова што сега му се случи на Клаудио – изјави Мурињо на прес – конференцијата во пресрет на финалето на ЕФЛ Купот против Саутемптон.
„Црвените ѓаволи“ на овој финален меч ќе бидат без помошта на ерменскиот интернационалец Хенрик Мхитарјан, кој се повреди на дуелот со Сент Етјен во Лигата на Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.