Ова е втора ќерка на пејачката и на нејзиниот сопруг Кире, а името Емилија на својата сестричка ѝ го дала нивната постара ќеркичка Султана.
– Не можам да ви ја опишам мојата среќа! Емилија се роди во болницата во Кавадарци, во саботата. Тешка е 3.860 грама, а долга 52 сантиметри. Се породив лесно, но, сепак, целиот процес траеше подолго време, па поради тоа и Кире не присуствуваше на настанот, како што планиравме. Го испратив дома и кога сѐ се заврши, му се јавив со убави вести. Веднаш потоа тој и Султана дојдоа да нѐ видат. Двајцата беа многу возбудени. Султана го избра името за сестричката и едвај чека да си дојдеме дома, па заедно да учиме нови работи поврзани со неа. Малата е супер, веднаш почна да цица, убаво си спие и на мое големо задоволство – личи на тато – изјави Малинкова за „Вест“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.