Народниот театар „Јордан Х.К.-Џинот“ од Велес почна со подготовки на својата втора продукција од Годишната програма на театарот за 2017 година, која е поддржана од Министерството за култура.
Станува збор за постановка на драмскиот текст „Син портокал“ на светски познатиот британски автор Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски.
– „Синиот портокал“ е саркастична комична пиеса, која се осврнува на расата, менталната болест и британскиот живот во 21 век. Во центарот на пиесата се двајца психијатри, кои се обидуваат да излезат на крај со млад пациент со шизофренија – појаснува режисерот Ивановски.
Воедно, неговата постановка во велешкиот театар е и праизведба на македонската театарска сцена.
Во претставата настапуваат актерите: Самоил Стојановски, Фаик Мефаилоски и Жарко Спасовски. Сценографијата е на Филип Коруновски, а автор на музиката Сашко Костов.
Според најавата од Ивановски, премиерната изведба на претставата „Син портокал“ се планира за крајот на март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.