| четврток, 6 декември 2018 |

Велешкиот театар почна со подготовки на претставата „Син портокал“

Народниот театар „Јордан Х.К.-Џинот“ од Велес почна со подготовки  на својата втора продукција од Годишната програма на театарот за 2017 година, која е поддржана од Министерството за култура.
 
Станува збор за постановка на драмскиот текст „Син портокал“ на светски познатиот британски автор Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски.
 
– „Синиот портокал“ е саркастична комична пиеса, која се осврнува на расата, менталната болест и британскиот живот во 21 век. Во центарот на пиесата се двајца психијатри, кои се обидуваат да излезат на крај со млад  пациент со шизофренија – појаснува режисерот Ивановски.
 
Воедно, неговата постановка во велешкиот театар е и праизведба на македонската театарска сцена.
 
Во претставата настапуваат актерите: Самоил Стојановски, Фаик Мефаилоски и Жарко Спасовски. Сценографијата е на Филип Коруновски, а автор на музиката Сашко Костов.
 
Според најавата од Ивановски, премиерната изведба на претставата „Син портокал“  се планира  за крајот на март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top