Со проекција на филмот „Љубовни песни“ вечер во Кинотеката на Македонија ќе биде отворена новата сезона на Францускиот кино клуб.
Како што информираат од Францускиот институт во Скопје, се работи за филм којшто во 2008 година ја доби наградата „Цезар“ за најдобра музика и има 20 други различни номинации.
Познатиот француски неделник за млади „Лезенрок“ го оцени овој филм како „забавна музичка драма и весел, длабок филм за љубовта и отсуството“.
Филмот е со превод на македонски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура