| четврток, 6 декември 2018 |

„Љубовни песни“ ја отвора новата сезона на Францускиот кино клуб

Со проекција на филмот „Љубовни песни“ вечер во Кинотеката на Македонија ќе биде отворена новата сезона на Францускиот кино клуб.

Како што информираат од Францускиот институт во Скопје, се работи за филм којшто во 2008 година ја доби наградата „Цезар“ за најдобра музика и има 20 други различни номинации.

Познатиот француски неделник за млади „Лезенрок“ го оцени овој филм како „забавна музичка драма и весел, длабок филм за љубовта и отсуството“.

Филмот е со превод на македонски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top