Лидерот на СДСМ, Зоран Заев прифатил три до пет илјади евра казна за неупотреба на албанскиот јазик, изјави вечерва во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М телевизија гласноговорникот на ДУИ, Бујар Османи.
–Овој закон е за употреба и заштита на албанскиот јазик. Тука многу јасно се предвидени механизмите за набљудување на употребата на албанскиот јазик и казнувањето на евентуалното неупотребување на албанскиот јазик. Со прецизни казни се предвидуваат три до пет илјади евра за институцијата, 30% за физичкото лице на таа институција. Дефинирани се сите компетенции на тој инспекторат, но и на агенцијата која ќе го направи стандаризирањето и одбраната, рече Османи.
На прашањето дали албанскиот јазик ќе биде официјален на банкнотите, Османи рече:
–Како член 8 од овој закон, и банкнотите и монетите ќе бидат на албански…
Тој обелодении дека максималистичките барања на албанските партии не му биле причина на Заев да се откаже од фотелјата.
–Законот е подготвен од ДУИ во соработка со Алијансата на Албанците или политичките партии со кои имавме средби или тркалезна маса во овој период. Целосно е усогласен меѓу овие партии. На СДСМ им е даден и им е кажано на работните групи дека текстот на Законот не е прашање за преговори, евентуално ако тие даваат правни забелешки, за тоа како може да изгледа подобро, или забелешките што ги даде професорката дали се разгледани сите правни аспекти на Законот, но текстот на Законот не бил прашање на преговори, немало можност ниедна апртија да ја ограничи употребата на аалбанскиот јазик како што го предвиделе ДУИ и другите албански партии, рече Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)