Германските власти уапсиле 26-годишно момче, член на салафистичкото движење, кое планирало да изврши терористички напад. Јавното обвиннителство во покраината Долна Саксонија денеска објави дека во неговиот апартман во гратчето Норхајм во близина на Гетингем, бил пронајден експлозивен материјал со кој требало да бидат нападнати полицајци или војници.
Момчето, за кое не се објавуваат лични информации, е германски државјанин и бил подолго време следен од германските служби за безбедност поради соммневања дека е дел од радикални исламистички структури во Германија.
Веста за апсењето на осомничен за тероризам доаѓа еден ден откако германската Агенција за заштита на уставноста во јавноста откри дека во земјта има драматичен пораст на радикални исламисти. Според БФВ, за само неколку месеци бројот на исламисти се зголемил за неколку стотини а од вкупно 1600 кои што живеат во Германија околу 500 се сметаат за потенцијални извршители на терористички акти.
Во регионот на градот Гетинген ова е втор ваков инцидент за само две недели. Минатата недела 22 годишен Нигериец и 27 годишен Алжирец беа приведени од полицијата откако кај нив пронајде импровизирано оружје, симболи на Исламската држава и пропагандни материјали со радикални исламски пораки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.