| четврток, 6 декември 2018 |

Ја малтретирал, тепал и на крај ја закла – ова е осомничениот за грозоморното убиство на Кристина

давид2
Осомничениот за убиството на 18-годишната Кристина Крупљан, е син на познат угостител кој наводно гради хотел во Загреб. Инаку девојката во моментот на смртта била во вториот месец од бременоста, и се претпоставува дека тука се крие мотивот за убиството, со оглед на тоа дека таа раскинала со осомничениот, а од 2015 година Давид имал и забрана за приоѓање.
крис

Исто така, според засега достапните информации, се дознава дека 19-годишниот Д.К., во април минатата година со Мерцедес налетал на постар маж во градот Вуковар и го усмртил. Според изјавите на сведоците, возачот продолжил да вози откако удрил во мажот, па сопрел на стотина метри подалеку.

Државното обвинителство барало притвор за момчето, но судијата од Загреб го ослободил со – одземање на возачката дозвола. Судот, се пишувало тогаш, утврдил дека пешакот бил невнимателен и минувал на црвено светло преку улицата.

Како што тогаш објавиле медиумите, момчето ги нападнало репортерите кои го фотографирале, и се заканил со тужба доколку неговата фотографија се појави во медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top