| четврток, 6 декември 2018 |

И реков, ќе завршиш како Ксенија Пајчин – сестрата на Наташа огорчена!

Сестрата на Наташа Беквалац, Кристина по прв пат јавно се огласи и изнесе мислење за семејното насилство кое го претрпела нејзината сестра од Лука Лазукиќ.

Кристина открила дека се плашела за безбедноста на сестра и подолго време.

-После психичкото насилство, физичкото малтретирање, за жал беше логично. Два дена пред Лука да ја претепа и реков: Наташа, ќе завршиш како Ксенија Пајчин! Слично и зборуваа и други луѓе од опкружувањето, сите видоа дека тој човек е луд. Сите се плашевме за неа, за сите нас таа врска беше голем стрес. На крај среќна сум што ова заврши без големи последици. Наташа е жива и фала на Бога, ќе биде добро, бидејќи Лука не може да и пријде – изјавила Кристина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top