| четврток, 6 декември 2018 |

Србов: Доколку ВМРО-ДПМНЕ состави влада, соработката со САД ќе биде на многу високо ниво

 

Аналитичарот и фронтмен на СОС, Никола Србов, во ТВ интервју на ТВ Нова, ја анализира американската поддршка која државата ја добива од голем број сенатори и конгресмени од САД, како поддршка за десоросоизацијата којашто во Македонија треба да се спроведе во идниот период.

Според Србов, има сигнали од САД за целосно одврзани раце да се спроведе десоросоизацијата во Македонија, што ќе значи контрола што и како се финансира од тие пари.

Србов, анализира дека американската подршка на администрацијата на Трамп кон ВМРО-ДПМНЕ е голема и дека таа се очекува допрва да расте, тој дополнително анализира доколку би дошол СДСМ  евентуално на власт соработката со САД и администрацијата на Трамп ќе биде на многу ниско ниво, речеси и нема да постои, земајќи ги предвид врските на СДСМ со Сорос и неговите организации. Што ќе значи меѓународен мрак за Македонија.

Тој заклучува, доколку СДСМ формира Влада во Македонија, Македонија ќе се претвори во последно соросово упориште во светот, што ќе резултира со заладување на односите на САД на најниско ниво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top