Повеќе од 4.000 руски пејачи настапија во Санкт Петербург за да постават светски рекорд во големина на хорот. Илјадници луѓе се насобраа кај катедралата „Светиот Исак“ и го слушаа хорот од 4.335 пејачи од сите возрасти, од речиси сите професионални и аматерски хорови од градот.
Хорот изведе 14 песни, меѓу кои беа и омилените руски и советски патриотски песни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.