Хорхе Сампаоли се наоѓа пред историска шанса да ја одведе Севилја во четврт-финалето на Лигата на шампионите откако со Унаи Емери трипати по ред го освојуваше трофејот од Лига на Европа. Аргентинскиот стручњак поради казна не ја водеше екипата синоќа против Лестер во победата од 2-1.
– Имаме уникатна шанса да се пласираме меѓу осумте најдобри екипи во Европа. Свесен сум дека ако не играме најдобро и загубиме концентрација, противникот ќе ги казни нашите грешки во реваншот. Лестер беше прв во групата во Лигата на шампионите и ги победите сите противници на домашен терен – изјави Сампаоли.
Севилја пред седум години играше осминафинале на Лигата на шампионите, но таму загуби во двомеч од руската ЦСКА Москва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.