| четврток, 6 декември 2018 |

Сане му зеде на обложувач 34.000 евра!

slika

Играчот на Манчестер сити, Лирој Сане го постигна последниот, осми гол на дуелот меѓу Манчестер сити и Монако, во голеадата што заврши 5-3, а неговиот погодок поништи неверојатен тикет, вреден 34.200 евра.

Уплатен е во Германија за 2 евра, а непознатиот обложувач типувал на точни резултати. Во Леверкузен му се погоди победата на Атлетико Мадрид од 4-2 против Баер, како по ноти, а за дуелот во Англија имал типувано резултат 4-3. И така беше до 82. минута, кога Сане ја затресе мрежата на Субашиќ и го урна сонот на непознатиот обложувач во Германија.

Сане подоцна се извини на Твитер, велејќи дека му е жал за облогот и за човекот што го уплатил тикетот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top