| четврток, 6 декември 2018 |

Важно е да се учествува, никогаш не видел снег, а настапи на СП во Лахти (видео)

adrijan solano

Адријан Солано од Венецуела приреди нешто што никој досега претходно не направил.

Солано дојде на Светското првенство во крос-кантри кое се одржува во Лахти, Финска, а претходно никогаш не видел снег во животот. Тоа на патеката беше очигледно, затоа што несреќниот Солано при секој обид да застане на скии паѓаше. Иако имаше желба, константно паѓаше, но сето тоа не го демотивираше. На крајот успеа да стигне до целта.

Заостанувањето беше очекувано огромно, а зад првиот доцнеше дури 38 минути. Интересно е дека пред СП, Солано се обиде да влезе во Шведска како подобро би се подготвил, но го депортираа веднаш по влегувањето во државата, затоа што мислеа дека се работи за илегален имигрант.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top