Повеќе од две децении од Европското првенство во кошарка во Грција и гестот на хрватските кошаркари кои го напуштија пиедесталот при доделувањето на медалите на југословенските кошаркари, хрватскиот тренер Александар Петровиќ проговори за „Вечерњи лист“ и призна дека одлуката беше политичка и не целосно по волја на кошаркарите.
– Знам дека во салата имаше телефонска врска со Банските дворишта и со Туѓман и договорено беше соломонско решение. Требаше кошаркарите да се качат на подиумот, да го земат медалот и потоа да заминат. Тоа беше политичка одлука и по мое мислење и од денешна перспектива целосно погрешна. Јас тоа никогаш не би го направил – истакна Петровиќ.
Југославија ја победи Хрватска во полуфиналето, а подоцна беше подобра и од Литванија во мечот за европското злато.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)