Трикратниот оскаровец, познатиот холивудски режисер и сценарист Оливер Стоун изјавил дека сѐ повеќе му се восхитува на некогашниот доживотен претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, кого го смета за херој на нашата историја бидејќи тој, како што вели, го претставувал „третиот правец“ меѓи комунизмот и капитализмот.
Стоун вели дека САД не му придавале големо значење на Тито.
– Не го препознавме добро расколот меѓу Југославија и Советите, не ја препознавме силата на неутралноста, наведува Стоун, сеќавајќи се на 1955 година и конференцијата во Бандунг, каде што беа и Сукарно, Насер и Нехру.
– Тито беше исклучително значајна личност и беше интересно да се гледа како преговара меѓу два света – изјавил Стоун за катарската телевизиска мрежа „Алџезеира балканс“.
Тој вели дека САД единствено Тито не го „симнале од власт“, а дека сите други биле „симнати“ бидејќи Америка не сака неутралност.
Овој виетнамски ветеран и чест критичар на американската политика вели дека е разочаран од актуелниот претседател на САД, Барак Обама, а поранешната државна секретарка Хилари Клинтон ја смета за глупава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.