| четврток, 6 декември 2018 |

Лестер се извади од дебакл во Севилја, Шмајхел и Варди се златните момци на Раниери (видео)

sevilja

На „Санчез Пинхуан“ во Андалузија рамките од првиот дуел од осминафиналето на Лигата на шампионите, екипата на Севиља забележа минимална победа од 2-1 (1-0), над англискиот шампион, Лестер Сити. Шпанскиот претставник можеше за Англија да отпатува со многу голема предност, но Раниери и Лестер на голот го имаа семоќниот Каспер Шмајхел, кој имаше перфектна ноќ.

Севилја стартуваше моќно и ангажирано уште од првата минута решена уште во раната фаза од мечот да дојде до предност која ќе го натера Лестер кој денеска го започна мечот во затворена варијанта, да се отвори и да се обиде да дојде до израмнување.

penal

Шансата за првиот гол дојде многу рано уште во третата минута прв се закани домаќинот преку Сарабија. Одличниот крилен играч на Севилја одлично проби по десната страна и упати проектил кон голот на гостите, но за среќа на Шмајхел топката заврши на сантиметар над неговиот гол. Во 14. минута Кореа прокоцка огромна шанса за водство на својата екипа, откако ударот од 11 метри заврши во рацете на одличниот дански голман. Сепак, офанзивната игра на Севиља вроди со плод во 25. минута, кога расположениот Сарабија доби перфектен центаршут од Ескудеро и со глава биеше неодбранливо за Шмајхел.

Вториот дел започна со нова шанса за домаќините. Овој пат се закани Витоло, кој од мртов агол биеше итро, но топката ја зафати десната статива од голот на Лестер и се врати во поле. Севилја продолжи со убиствените напади, а по еден таков успеа да зголеми на 2-0 во 63. минута. Јоветиќ доби длабочинска топка, со себе навлече двајца дефанзивци на „лисиците“ и несебично додаде до Кореа, кој на перфектен начин, под пречката го совлада денес расположениот Шмајхел.

sevilja 1

Овој гол на Севиља како да ги разлути дотогаш заспаните „лисици“, па можеби за првпат на мечот фудбалерите на Лестер врзаа неколку додавања кои беа пресудни за намалување на водството на 2-1. По левата страна одлично проби Дринквотер, упати силен центаршут, на кого налета Варди и ја „закова“ топката во мрежата на домашната екипа.

Реванш дуелот на „Кинг Пауер“ ќе се одигра на 14 март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top