| четврток, 6 декември 2018 |

Резервистите на Алегри му носат голема победа на Јувентус на „Драгао“

Италијанскиот шампион Јувентус се наоѓа пред пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако на „Драгао“ го совлада Порто со 0-2 (0-0) и има огромна предност воочи реваншот. Јуве настапи без Леонардо Бонучи, кој клубот го казни заради пцовките кои му ги упати на Алегри на натпреварот со Палермо во петокот.

Можеби клучен момент на овој натпревар се случи во 27. минута кога левиот бек Телес набрзина за само две минути заработи втор жолт картон што значеше и исклучување од мечот. Од тој момент „старата дама“ ја презема комплетната иницијатива создаде неколу шанси за гол, но не искористи ниту една во првиот дел од натпреварот пред се благодарејќи на одличниот Икер Касилјас на голот на домаќинот.

Вториот дел започна со оправдано поништениот гол на Дибала, заради недозволена позиција во 47. минута. Порто возврати со ударот со глава на капитенот Херера, но ударот на Мексиканецот со глава заврши крај дирекот.

iguain

Момците на Алегри постојано ја имаа топката во нозете, но цврстиот блок на Нуно одолеваше и успешно се бранеше. Во 58. минута ударот на Сами Кедира заврши над пречката на Касиљас. Алегри ги внесе Пјаца и Дани Алвес во последните 20 минути за да му даде повеќе креација на нападот.

Токму новајлиите по само пет минути на теренот постигнаа два гола. Најнапред среќно топката стигна во Пјаца, кој од работ на казнениот простор со прецизна дијагонала ја погоди мрежата на домаќините (0-1). Не поминаа ниту три минути, а по центаршутот на Алекс Сандро, неговиот сонародник Дани Алвес со прием на гради и волеј со левата нога зголеми на 0-2. Младиот Хрват во 87. минута му подготви зицер на Кедира, но ударот на Германецот заврши крај дирекот.

Сепак и со 0-2 екипата на Алегри е многу блиску до четвртфиналето на Лигата на шампионите и покрај фактот што се игра реваншт во Торино на 14 март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top