Има неколку области во кои Македонија воспостави политики на економскиот фронт што може да се натпреваруваат со најдобрите земји во светот, изјави во Отвореното студио на телевизија Нова Тери Милер, Директор на центрите за анализа и за трговија и економија на фондацијата Херитиџ.
– Особено во однос на даночната реформа имате фантастичен систем што ги одржува даночните стапки релативно ниски и тоа им овозможува на индивидуите контрола над нивните ресурси, да ги инвестираат и да ги трошат како што ќе изберат. Тоа е клучен аспект на економската слобода, рече Милер.
Тој додава и дека Македонија исто така завршила феноменална работа со отворањето на економијата за трговските и инвестициските текови од целиот свет, учествувајќи во прекрасниот феномен на глобализација што им донесе напредок на многумина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фернандез од „Херитиџ“: Не се согласувам со Бејли, ние не сме кралеви на Македонија
-
Хеле Дејл: Тилерсон ќе го среди трошењето милиони долари за агендата на Сорос во Македонија
-
Херитиџ до Трамп и Тилерсон за Македонија: Истрагата за УСАИД и Сорос да оди до крај, проблемот е голем и многу раширен
-
Претставниците на „Херитиџ“ му го предадоа извештајот на Димитриев