| четврток, 6 декември 2018 |

„Во Центар“: Шарена револуција, терористички закани и блокада на граница- координирана стратегија против Македонија

Изолација на Р. Македонија и потполно попречување на нормална комуникација  помеѓу македонската влада со администрацијата во Вашингтон, предизвикување на економски и социјални потреси во државата и саботажа на македонските безбедносни структури се трите есенцијални точки на стратегија три факти на Џо Бајден за дестабилизација на Македонија и промена на македонската Влада која беше презентирана во емисијата „Во Центар“ на Васко Ефтов.

Ефтов открива дека американска стратегија во последните 2 години веќе се реализира во Македонија и целосно треба да биде завршена во 2021 година.

– Првата точка е изолација на Р. Македонија и потполно попречување на нормална комуникација  помеѓу македонските власти, македонската влада и претседател со администрацијата во Вашингтон. Втората точка е изолацијата на Македонија со структурите во Брисел. Првата фаза ја реализираат американските дипломати, а втората фаза ја реализираат германските дипломати  посебно со помош на германското влијание во рамките на ЕУ. Следната фаза е предизвикување на економски и социјални потреси во Р. Македонија  како што беше направено во Турција во времето на Таип Ердоган. На тој начин се смета дека најголема масовност може да имаат протестите по македонските улици и да биде дестабилизирана или сменета македонската влада. Третата фаза е саботажа и напади на македонските безбедносни структури. Со третата фаза се очекува да се постигне несигурност и хаос во рамките на македонските безбедносни структури, образложува Ефтов.

3333-22

Уривањето на македонскиот безбедносен систем според стратегијата е планирано преку  делување од неколку страни, пункта во ист временски период. На пример во ист временски период на Македонија и се случуваат блокада на јужната граница од мигранти, терористички акции од Косово и шарена револуција по македонските улици.

– Во текот на минатата година во еден исти временски период има одредени закани за терористички акции од територијата на Р. Косово, во истиот период имаме блокирана македонската јужна граница со мигрантската криза и во истиот период имаме шарена револуција по македонските улици. Со таа шарена револуција всушност се тестираше македонското судство и македонското обвинителство бидејќи се делува во толпа, немаме индивидуална одговорност. Всушност тој начин на делување, фрлање, уништување и сквернавење на одредени споменици и институции се тестира дали тие луѓе ќе бидат осудени. Ако не бидат осудени тогаш се наметнува чувството дека тие се недопирливи за македонските законски ,судски органи . На тој начин тие се претставуваат дека се власт во рамки на Р.М и дека никој ништо не им може, вели Ефтов.

Ефтов заедно со Мирка Велиновска ја откриваат пирамидата во Стејт департментот  преку која се дејствува врз Македонија и нејзина дестабилизација преку фондации на СОРОС и Ѓулен.

– Главата на целата стратегија е Џо Бајден, поштениот потпретседател на Обама како шеф и координатор, потоа Даниеле Гарбе, па потоа доаѓа Стејт департментот со УСАИД Структурата, односно Викторија Нуланд, под неа е Филип Рикер. Дејвид Бургер и Рајан Стонер, деск офицери на Стејт департментот  се директно  учипени во македоснаката амбасада, вели Велиновска во емисијата на Ефтов.

rrrr

Главниот оперативец за реализацијата на стратегијата три факти на Џо Бајден е Даниеле Гарбе која му е надредена на американскиот амбасадор во Р.Македонија Џес Бејли.

– Даниеле Гарбе е претставник на Стејт департментот  во времето на Кондолиза Рајс , таа е нејзин специјален помошник. Меѓутоа во својата кариера таа врши неколку клучни функции. Таа е шеф на дескот на Стејт департменот кој ги контролира или ги организира операциите на териториите на Р. Турција . Има кариера во Либан, Авганистан, во Шпанија. Станува збор за маркантна личност која му е надредена на Џес Бејли која всушност во рамки на Стејт департментот ги контролира Бејли и активностите на Нуланд, образложи Ефтов.

Целата стратегија и нејзина операционализација во Р. Македонија е секнирана на 11 јануари 2016 година во Белата куќа кога Џес Бејли има состанок со Џо Бајден на кој добива директни инструкции како треба да се дејствува. Средбата трае околу 9 часа, до полноќ. Тој ден Бејли има оперативен состанок и со Даниеле Гарбе.

www11-768x398

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top