Централниот регистар на Република Македонија информира дека ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2016 година во сабота (25.02.2017) од 08 до 16 часот и во понеделник и вторник (27 и 28.02.) од 08 до 20 часот.
За микро и малите фирми кои нема да достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 15 март 2017 година. Правните субјекти ќе може и во понеделник и вторник од 8 до 16 часот да достават годишни сметки во хартиена форма и во канцелариите во Кратово, Демир Хисар и Крушево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Централен регистар и в сабота ќе прима годишни сметки и финансиски извештаи
-
Централниот регистар поради поднесувањето на годишните сметки ќе работи со продолжено работно време
-
Централен регистер: СЈО има пристап до електронските бази на податоци, дополнително ќе ја доставиме и другата барана документација
-
Министерот Ивановски ќе го посети Централниот регистар