По вчерашната акција на Специјалното јавно обвинителство за одземање на документација од Централниот регистар на Република Македонија, се огласи и засегнатата институција.
Од Централниот регистар најостро ги демантираат шпекулациите дека вршеле прикривање, затајување или уништување на документација за податоците од регистрите со коишто раководат.
-За тоа дека не се случило никакво уништување на документација сведочи фактот што СЈО на самото место утврди дека документите постојат во целост и дека ниеден документ не е уништен, а дел од бараните податоци им беа предадени, додека останатите ќе им бидат предадени во согласност со заемнодоговорената динамика според потребите на СЈО во периодот што следува – се наведува во соопштението на ЦР.
Од Централниот регистар наведуваат дека СЈО од средината на декември минатата година има неограничен пристап до базите на податоци по електронски пат, во реално време и досега не бил пријавен никаков проблем при користењето на овие податоци.
Пред одземањето на документацијата од страна на СЈО, Централниот регистар побарал прецизирање на барањето што го добил од СЈО, но наместо одговор добил судска наредба.
-Податоци од Централниот регистар воопшто не можат да бидат уништени, со оглед на тоа што базите се водат електронски, на повеќе локации, а секоја промена во регистрите електронски, во реално време, се доставува и до бројни други институции, преку веб-сервиси и преку системот за интероперабилност – велат од Централниот регистар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Централен регистар и в сабота ќе прима годишни сметки и финансиски извештаи
-
Централниот регистар поради поднесувањето на годишните сметки ќе работи со продолжено работно време
-
Продолжено работно време на Централниот регистар за прием на годишни сметки
-
Министерот Ивановски ќе го посети Централниот регистар