Уајна Пикчу му припаѓа на планинскиот венец на Андите и од неа се пружа фантастичен поглед на светиот град на Инките.
Мачу Пикчу се наоѓа на највисокиот дел на источните Анди, на источните падини на планинскиот венец Урубамба. Најверојатно е изграден околу 1300 година и прогласен е за едно од новите седум светски чуда.
Ова фантастично светилиште сведочи за времето на величественото царство на Инките и е културни историско светско наследство.
Над него се наоѓа планината Уајна (или Вајна)Пикчу, висока 2720метри. Нејзиниот врв се наоѓа на 360 метри над Мачу Пикчу и од него се пружа фантастичен панорамски поглед на ова светилиште, а од врвот се оди и до храмот на Месечината, уште едно богато светилиште.
Бројот на посетителите на Уајана е ограничен на 400 дневно, а до самиот врв се качува по стрми камен пат кој носи доста интересен назив –„Скали на смртта“.
Погледнете како изгледа качувањето на Уајна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)