Македонската претставничка на „Евровизија“, Есма Реџепова, за емисијата „Фаци“ на „Канал 5“ негираше дека видела како некој го штипка Лозано за задникот, но се пожали дека неа ја бакнувале жени во уста.
На прашањето за нејзината изјава дека Лозано, со кого настапи во дует, не смеел од соба да излезе оти хомосексуалци го штипкале за задникот, Есма смеејќи се рече дека не видела такво нешто.
– Но, и да било, зошто да не, Лозано е убаво момче – вели Есма и додава:
– Тие имаат други сфаќања, гледате и во Африка веќе бараат да се женат маж со маж, тоа полека се спушта и накај нас. И мене ме љубеа жени. Една се качи на бината и почна да ме бакнува во уста, едвај ја откачив од мене – вели Есма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


