Појавувајте се на сите јавни настани каде што доаѓаат да се сликаат и да гушкаат бебиња, таму поставувајте им непријатни прашања, организирајте се, вртете им со часови на телефон, на јавни дебати седнувајте на повеќе места низ салата за да мислат дека ве има многу и бидете бучни, не откажувајте се, ова е борба која трае долго.
Ова се само дел од упатствата што им се даваат на приврзаниците на движењето „Неделиви“ (Indivisible), за кои се организираат голем број онлајн-тренизни на кои се подготвува стратегија за масовни протести против Доналд Трамп и републиканските сенатори. Како што објавува американскиот портал „Брајтбарт њуз“, организацијата „Организирани за акција“, која станала популарна во времето на претседателската кампања на Барак Обама, се споила со новото движење „Неделиви“.
Според тврдењето на порталот на советникот на Трамп, Стивен Бенон, зад новоформираното движење стојат повеќе групации од активисти кои се финансирани преку здруженијата на милијардерот Џорџ Сорос. Парите, според тврдењето на „Брајтбарт њуз“, одат прво кај лидерите на помали групи, кои потоа организираат тренинзи за своите членови.
Аналитичкиот центар „Политико“ на почетокот од овој месец ја профилира организацијата во објава насловена како „Внатрешноста на протестното движење што ги дестабилизира републиканците“. Сепак, порталот „Брајтбарт њуз“ додава дека во анализата на „Политико“ не само што не биле спомнати врските со Сорос, туку и не било забележано дека организациите што се споменати како помагачи во ширењето на пораката на „Неделиви“ се финансирани директно од Сорос или имаат блиски врски со групи кои се спонзорирани од милијардерот.
ОФА (Организирани за Акција) е т.н. социјален проект кој произлезе од кампањата на Обама во 2012 година „Организација за Америка“, кој понатаму стана непрофитна организација, која „Вашингтон пост“ ја опиша како организација која се бори за претседателските политики.
Во една објава на Фејсбук насловена како „Вдиши длабоко. Потоа преземи чекор“, ОФА ги повика членовите да лобираат интензивно одсега, па сè до 26 февруари кога законодавците ќе бидат во своите домашни дистрикти.
Објавата беше проследена со линк до водич објавен од „Неделиви“ кој зборува како да се организира маса народ против Трамп.
– Следете нè и понатаму за онлајн-обуки и покани за огласи со коалициските партнери како „Индивизибл гајд“ – се вели во постот на ОФА.
Според пишувањето на „Брајбарт њуз“, соросовите здруженија планираат да исценираат 400 протести во 42 држави годинава за да ги нападнат Трамп и републиканците поради укинувањето на т.н. закон „Обамакер.“ Според податоците, „Неделиви“, заедно со коалиција од активистички групи планираат да одржат масивен анти Трамп даночен марш во Вашингтон и на уште најмалку 60 други локации на 15 април.
„Она што медиумите не го пренесуваат е дека најголемиот дел од наведените партнери и организатори потпомагачи се отворено финансирани од Сорос или се тесно поврзани со финансирањето на Сорос“, наведува „Брајтбарт њуз“.
Низ САД веќе се организираа протести на кои демонстрантите носеа транспаренти „И јас сум муслиман“, а како реакција на декретот на Трамп со кој им беше забрането на државјаните на повеќе муслимански земји да влезат на американска територија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)