| четврток, 6 декември 2018 |

Фантастичен меч на „Бај арена“, Атлетико Мадрид триумфално низ Леверкузен (видео)

Минатогодишниот финалист во Лигата на шампионите Атлетико Мадрид речиси е четврфиналист оваа сезона откако тирумфално мина низ Леверкузен поразувајќи го на „Бај Арена“ Баер Леверкузен со 4-2.

Иако се очекуваше тврд натпревар, двете екипи започнаа отворено, па во текот на целиот меч изобилуваа шанси пред двата голмани. Првата ја имаше Гризман веќе во 12. минута, но домашниот голман прекрасно одбрани. Но пет минути подоцна по прекрасниот удар на Саул, Лено беше немоќен за 0-1 за Атлетико.

По првиот шок за „фармацевтите“ следеше нов, откако Гамеиро во 25. минута украде една топка на средината на теренот, навлече на себе двајца фудбалери, па ја додаде топката до Гризман, кој непречен од никого погоди за 0-2. До одморот фудбалерите на Баер Леверкузен се обидуваа да се вратат во игра, имаа шанси но Моја секогаш беше на вистинското место.

baer leverkuzen

Тоа што не им успеа во првиот, Леверкузен го направи на стартот на вториот, откако Белараби, во 47. минута ја заврши одличната акција за 1-2 и радост на „Бај арената“. Но, таа траеше кракот откако Драговиќ направи старт врз Гамеиро, а главниот судија покажа на белата точка. Сигурен егзекутер беше токму Гамеиро за 1-3.

Трошка надеж за тимот на Баер Леверкузен донесе Стефан Савиќ, кој во 68. минута ја погоди својата мрежа. До крајот Леверкузен беше тимот, кој доминираше, а во 81. минута Фелипе Луис спречи чист гол, за 3-3, a Фернандо Торес во 86. минута ја искористи асистенцијата од Симе Вршаљко и ги постави конечните 2-4.

Реваншот во Мадрид на „Висенте Калдерон“ се игра на 15.март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top