| четврток, 6 декември 2018 |

Убедлива победа на Кожув над Сутјеска

kosarka_kozuv_2-105826Кошаркарите на Кожув остварија убедлива победа со 29 поени разлика, против црногорската екипа Сутјеска во рамките од 3. коло на втората фаза во регионалната Балканска лига (БИБЛ).
Во натпреварите од групата Ц, одиграни вечерва во Гевгелија, екипата на Кожув и се реваншира на Сутјеска за поразот во претходната рунда (81-98), сега совладувајќи ја со 94:65 по четвртини 27-21, 26-14, 27-8 и 14-22.
Најзаслужен за оваа победа на Кожув беше Американецот, Кенион МекНил кој средбата ја заврши со дабл-дабл учинок од 24 поени и 10 асистенции, а имаше и 5 скокови.
Вториот натпревар од оваа група ќе се игра во четврток, кога кавадаречки Фени Индустри ќе му гостува на бугарскиот тим Берое.
Токму Берое е водечка екипа во оваа група со 8 бодови, пред Кожув и Сутјеска кои сега имаат по 7, а Фени Индустри има 5, но и натпревар помалку.
Утре ќе се играат натпреварите од Д групата во која Куманово го пречекува Пеќ, а Карпош Соколи е домаќин на Теодо.
Во оваа група водечки е Куманово со 7 бодови, пред Теодо и Пеќ кои имаат по 6, а Карпош Соколи има 5 бодови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top