| четврток, 6 декември 2018 |

Местенка на натпреварот Сатон – Арсенал (ВИДЕО)

Аматерите од фудбалскиот клуб Сатон и нивниот резервен голман Вејн Шо се вистински хит во светските медиуми. Најпрвин поради пласманот во 5.коло во ФА купот и мечот со Арсенал, а потоа и поради голманот Шо кој во текот на мечот јадеше пита на клупата каде што седат резервите.
Арсенал го победи Сатон со 2:0, во четвртфинале ќе игра против третолигашот Линколн, но гостувањето на славниот тим во сенка го фрли 46-годишниот голман Вејн Шо.
Откако неговиот тренер ги изврши трите замени, тој се упати кон клупскиот ресторан и на клупата за резерви се врати со пита со месо и компир.

Подоцна се испостави дека Шо тоа го направил со намера бидејќи обложувалницата „Сан бетс“, понудила коефициент 8/1 дека голманот ќе конзумира храна за време на натпреварот.

Обложувалницата со овој потег со направи добар маркетинг, но Шо може да се најде во проблеми, бидејќи самиот признал дека некои соиграчи му кажале за коефициентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top